Училишни активности

Работилница на тема „Сите сме важни“ организирана од Young Life Capernaum

Секој од нас е важен дел од тимот! 🧩🤝Нашите ученици во ученичкиот дом учествуваа на супер работилница организирана од Young Life Capernaum на тема „Сите сме важни“.Низ забавни активности и дискусии, уште еднаш се потсетивме дека секој поединец во нашиот дом е важен дел од мозаикот кој нè прави силни и сложни. Научивме дека во секоја заедничка работа – придонесот на секој од нас е важен и сечиј труд се брои за да се постигне успех. Научивме како повеќе да се поддржуваме, да се почитуваме и да си помагаме секој ден. 🙌✨Големо благодарам до тимот на Young Life Capernaum за посетата, прекрасната лекција за тимски дух и инспирацијата! Со нетрпение ги очекуваме следните заеднички дружења. 🤝💛
 

Галерија

Пребарај