Училишни активности

Посета на група волонтери од Програмата за Идни млади амбасадори за развојна дипломатија на текстилната струка

Во организација на Тика TİKA Üsküp група волонтери од Програмата за Идни млади амбасадори за развојна дипломатија ја посетија текстилната струка во ДСУРЦ Св. Наум Охридски Скопје, каде што беа воодушевени од реновираниот и целосно опремен кабинет, резултат на претходната поддршка од ТИКА. За време на посетата, тие директно се вклучија во работата со учениците, учествувајќи во работилница за украсување на лични портфолија. Оваа интеракција овозможи покрај материјална поддршка преку обезбедениот кабинет и директно споделување на знаење и инспирација со учениците. Навистина сме многу благодарни за нивната посветеност и континуирана поддршка!

Галерија

Пребарај