Во рамките на проектот,, Грасрут " фудбалската секција реализираше Летен фудбалски камп во Охрид во периодот од 03.06. до 09.06.2026год.
За време на кампот учениците имаа можност да учат нови и да ги усовршат веќе научените фудбалски вештини, да го постигнат нивото ма своите психофизички способности, да стекнат нови знаења во областа на здрава исхрана и да се дружат, забавуваат и рекреираат во Охридското езеро.
Со несебичната помош на професорот Ванчо Поп Петровски учениците имаа можност да ги усовршат предходно научените техники на дишење, јога и медитација и да стекнат нови техники ( музико терапија).
Учениците научената фудбалска техника ја имплементираа практично за време на од фудбалскиот натпревар со ФК,, Охрид".
На крајот од престојот учениците го посетија комлексот ,,Св. Наум Охридски" патронот на нашето училиште