Училишни активности

Работилница на тема: "Улогата на родителот во разбирање, превенција и регулација на насилното однесување кај деца со потешкотии"

Во организација Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Центар , а реализација од страна на психологот Никола Дукоски во нашето училиште за родителите на учениците беше спроведена работилница на тема: "Улогата на родителот во разбирање, превенција и регулација на насилното однесување кај деца со потешкотии"
Преку конкретни примери од праксата на родителите се разговараше за функцијата и специфичностите на пројавеното однесување, која е улогата на родителот во обликувањето и регулацијата на несоодветното (насилно) однесување како и истакнување на важноста на препознавањето на тоа што стои позади пројавеното однесување за превенција на истото во иднина

Пребарај