Денес реализиравме едукативна и исполнета со радост посета на Природонаучен музеј заедно со нашите ученици од ученичкиот дом.
Преку разгледување на изложбите, учениците имаа можност да се запознаат со богатството на природата, животинскиот и растителниот свет, како и со интересни факти од науката. Посетата беше исполнета со љубопитност, прашања и искрени насмевки.
Со вакви активности поттикнуваме учење преку искуство, социјализација и развој на нови знаења и вештини кај учениците.
Горди сме на нивната заинтересираност и активно учество.
