Денес во нашето училиште Young Life Capernaum одржа топла и инспиративна средба со родители, посветена на подобро разбирање на предизвиците со кои се соочуваат децата со аутизам и доцнење во говорно-јазичниот развој.

Се разговараше за практични пристапи и стратегии кои можат да помогнат во секојдневието, се споделуваа искуства, поддршка и охрабрување, а посебен акцент се стави на важноста родителите да се грижат и за сопствената благосостојба.
Средбата помина во духот на заедништво, разбирање и взаемна поддршка – уште еден чекор кон градење посилна и посвесна заедница.
