Училишни активности

Воспитна активност на тема - не повредувам / не дозволувам да ме повредуваат

💛 „Не повредувам / Не дозволувам да ме повредуваат“ 💛
Денес со нашите ученици од Ученичкиот дом реализиравме воспитна активност на тема препознавање на добро и лошо однесување во семејството и околината.
Преку едноставни игри, слики и разговор, учениците учеа: ✔ што значи добро однесување
✔ дека не е во ред некој да ги повредува
✔ дека и тие не треба да повредуваат други
✔ дека секогаш можат да побараат помош
Посебен акцент ставивме на чувствата – како се чувствуваме кога некој ни прави добро, а како кога некој нè повредува.
На крајот, активноста ја заокруживме со игра со музика 🎶, каде преку координирани движења на ритамот учениците го изразија доброто однесување, соработка и позитивна енергија.
💛 Заедно испративме силна порака: „Сите заслужуваме да бидеме безбедни, почитувани и сакани.“

Галерија

Пребарај