Училишни активности

Предвелигденско дружење и креативна работилница со деца со ретки болести

Предвелигденската атмосфера веќе се чувствува! 🌸
По покана на Европски универзитет, нашето училиште денес присуствуваше на предвелигденско дружење и креативна работилница со деца со ретки болести. На настанот учествуваа 14 наши ученици, кои преку заеднички активности, дружење и креативност ја споделија радоста на празникот.
Ваквите настани се од особено значење, бидејќи поттикнуваат емпатија, хуманост и заедништво кај младите.
Благодарност до Европски универзитет за поканата и прекрасната организација. 💛✨
 
 
 
 
 
 

Галерија

Пребарај