
ТУКА СМЕ, ЗАЕДНО СМЕ, А МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ.

На 8.4.2026 година, по тринаесетти пат, се одржа настанот што традиционално обединува, инспирира и потсетува дека силата е во заедништвото. Под мотото „Тука сме, заедно сме, а можеме повеќе“, учениците преку уметност, музика, игра и збор испратија силна порака за прифаќање, соработка и меѓусебна поддршка.
Во програмата учествуваа арт-секцијата, литературно-рецитаторската, литературната, музичката и ритмичката секција, кои со многу ентузијазам, креативност и емоции создадоа незаборавна атмосфера.
Настанот го збогатија и нашите драги гости: СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје, ООУ „Невена Ѓеорѓиева-Дуња"- Скопје, Фолклорно друштво Плетеница-Скопје и Актерско Студио Михајловски-Скопје , кои со своите настапи внесоа дополнителна топлина и убавина.
Во рамките на настанот беше организиран и креативен базар, на кој беа изложени изработки од арт-секцијата, и текстилната струка- уште еден доказ дека креативноста нема граници кога се работи со љубов.

Голема благодарност до претставниците од МОН, РОТАРИ, до училиштата учесници, учениците, родителите и сите поддржувачи кои придонесоа овој настан да биде исполнет со насмевки, емоции и искрено заедништво.

Заедно создадовме ден што потсетува дека различностите нè зближуваат, а заедништвото нè прави посилни.
Тука сме,Заедно сме, И можеме повеќе.