Училишни активности

Воспитна работилница во соработка со Young Life Capernaum со учениците од ученичкиот дом

🌍 Сите сме различни – сите сме важни 🌈
Во соработка со Young Life Capernaum, кои ја организираа активноста, денес реализиравме воспитна работилница со нашите ученици од ученичкиот дом. Преку разговор, игра и креативна работа учениците имаа можност подобро да се запознаат меѓусебно и да согледаат дека секој од нас е единствен, но исто толку важен.
Разговаравме за силата на зборот, за почитта и начинот на кој си се обраќаме еден на друг, при што заклучивме дека убавиот збор може да донесе радост и да изгради пријателство. 💬✨
Преку креативната изработка на планети се потсетивме дека сите живееме на иста планета и дека си требаме едни на други. 🪐🤝
Активноста продолжи со интересни игри, соработка и многу смеа, каде учениците покажаа тимска работа, позитивни емоции и заедништво. 😊
Заклучокот беше јасен: Сите сме различни – сите сме важни и си требаме едни на други. ❤️

Галерија

Пребарај