Училишни активности

Активност во ученичкиот дом: следење на слика и работа со раце и чаши според дадената задача

Денес во ученичкиот дом реализиравме активност „Следење на слика и работа со раце и чаши според дадената задача“.
Учениците внимателно ги следеа зададените форми и линии, користејќи чаши и координирани движења со рацете. Преку оваа игра ја поттикнувавме концентрацијата, прецизноста, фината моторика и следењето на инструкции.
Со многу смеа, труд и меѓусебна поддршка, уште еднаш покажавме дека учењето преку игра е најинтересно и најделотворно. 💛
Горди сме на нивната посветеност и напредок!

Галерија

Пребарај