Пролетта ја најавивме на најубав можен начин – со насмевки, креативност и традиција во нашиот ученички дом


Учениците со многу љубов и внимание изработуваа мартинки, вплетувајќи во секое црвено и бело конче желби за здравје, среќа и успех. Работилницата беше исполнета со топла атмосфера, смеа и чувство на заедништво.
Горди сме што преку вакви активности ја негуваме традицијата и им даваме простор на учениците да ја изразат својата креативност и убавина.
Нека мартинките ни донесат светли денови, многу радост и исполнети желби!

