Денес учениците од ученичкиот дом уживаа во прекрасна прошетка на Водно, исполнета со дружење, смеа и убаво расположение. По прошетката, инспирирани од природата и празничната атмосфера, учениците со многу љубов и креативност изработија честитки по повод 8 Март – Денот на жената.
Со овие мали, но искрени подароци, тие испратија порака на почит, благодарност и љубов до сите жени кои секојдневно несебично се грижат, поддржуваат и инспирираат.
Среќен 8 Март!

⚘️⚘️⚘️⚘️⚘️