Училишни активности

Безбедноста пред сè - практична вежба за опасности

🛑 „Безбедноста пред сè“
Денес во ученичкиот дом реализиравме едукативна активност и практична вежба за опасности од елементарни непогоди, превенција и заштита.
Со учениците разговаравме за тоа како да препознаат опасност (земјотрес, пожар, поплава, невреме) и како правилно и смирено да реагираат. Преку симулациска вежба вежбавме безбедно напуштање на објектот и почитување на упатствата.
Со ваквите активности ја јакнеме нивната подготвеност, одговорност и меѓусебна поддршка, создавајќи побезбедна средина за сите.
Безбедноста ја учиме денес – за да бидеме сигурни утре. 💛

Галерија

Пребарај