Училишни активности

Работилница во соработка со клубот Yonglife

Прекрасна работилница во соработка со клубот Yonglife 💛
Со многу насмевки, енергија и позитивна атмосфера ја реализиравме следната програма:
✨ Претставување на тимот на волонтери
✨ Запознавање и дружење со децата
✨ Игра со музика „Фриз“ („Stop“)
✨ Караоке за развивање самодоверба и изразување
✨ Рачна изработка – поттикнување на креативноста и фината моторика
✨ Краток разговор на тема „Љубов и прифаќање“
Програмата беше внимателно осмислена за да придонесе кон физичкиот развој на учениците преку игри со движење, координација, правилно држење на телото и активности за развој на фината моторика (работа со прсти и рачна изработка), прилагодени според можностите на секое дете.
Горди сме на нивната активност, искреност и радост. Ваквите средби не само што поттикнуваат физички развој, туку градат и чувство на прифаќање, љубов и заедништво.
Благодарност до сите волонтери и до децата кои ја направија оваа работилница посебна ❤️

Галерија

Пребарај