-
29.12.2025
-
Училишни активности
На 24.12.2025 година, нашето училиште го одбележа патрониот празник, посветен на животот, вредностите и делото на нашиот патрон - Свети Наум Охридски. Преку програмата, учениците од литературно-рецитаторската, литературната, музичката, драмската и ритмичката секција ја покажаа својата креативност и посветеност, при што создадоа инспиративна и свечена атмосфера. Во рамките на приредбата беше организирана и изложба на креативни творби изработени од членовите на арт-секцијата, креативната работилница од текстилната струка, како и секцијата браварски операции. Изложените дела ја истакнаа умешноста, трудот и талентот на учениците. Изразуваме искрена благодарност до сите поддржатели, соработници и гости кои со своето присуство и поддршка придонесоа овој значаен ден да биде одбележан достоинствено.