Изразуваме искрена благодарност до авторката на книгата „Ах, возрасни, возрасни“, Ирина Момироска, Здружението за животна средина НОВ ИМПУЛС Скопје, Фибо Комерц Трејд и Друштвото за трговија на големо и мало Стокомак, донатори на книга и новогодишно пакетче за секој ученик.
Со вашата поддршка им донесовте радост и насмевки на учениците и дадовте значаен придонес во негувањето на детската среќа, образованието и празничниот дух. Ви благодариме за покажаната хуманост и општествена одговорност.