Оваа година празниците ни беа поубави благодарение на
Лајонс клуб Спиритус! Учениците од текстилниот смер при ДСУ „Наум Охридски“ – Скопје, со радост примија новогодишни елки (кои самите ги составија), украси за кабинетот, награди за лотарија и празнична закуска. На 24.12.2025 не посетија и на нашиот предновогодишен базар и патрониот празник, а заедно уживавме во свечената приредба. И покрај предизвиците, идните конфекционери ги ценат хуманизмот, солидарноста и инклузивноста што им ги покажааа од Лајонс клуб Спиритус. Им благодариме од срце!