Упатуваме искрена и срдечна благодарност за добиената донацијата преку хуманитарна акција “ Дедо Мраз на мотор ” што ја реализираа членовите на Мото Клуб No Limit Скопје во нашето училиште. Тие донираа телевизизор, справа за вежбање и постелнини за ученичкиот дом.
Нивниот хуман гест и подготвеност да помогнат претставуваат пример за општествена одговорност и солидарност, испраќајќи силна порака за важноста на заедништвото, хуманоста и меѓусебната поддршка.
Учениците беа исклучително радосни и возбудени што имаа можност да присуствуваат на овој несекојдневен настан и да бидат дел од едно интереснo заедничко дружење, кое ќе остане долго во нивните спомени.