-
02.12.2025
-
Училишни активности
🧠 По повод Денови на психологија 2025, преку интерактивни активности и игра со ученици од I година реализиравме работилница на која разговаравме на тема: "Значајноста на благодарноста" како човекова вредност преку која:
- внесуваме позитивни промени и развиваме оптимистички поглед кон животот
- ги препознаваме и разбираме вредностите и позитивните чувства на другите со што развиваме љубезност, емпатија и толеранција
- ги подобруваме релациите со другите
- го унапредуваме менталното здравје и благосостојбата на личноста
🫴 Искажувајќи благодарност им дозволуваме на нештата што ги посакуваме да влезат во нашето секојдневие и да се отворат нови можности 🍀🎉🤗🎁🫂
#ДеновиНаПсихологија2025
#ГрижаЗаМенталнотоЗдравјеНаДецатаИМладите