На 16 октомври, дворот на нашето училиште беше претворен во шарена гастро-работилница исполнета со креативност, радост и вкусни идеи.
IX Фестивал „Сочни фигури“ повторно ни покажа дека креативноста нема граници – кога децата, наставниците и родителите се обединети во една цел: инклузија, здрави навики и уметност преку храната.
Од срце им благодариме на сите што придонесоа овој ден да биде совршен:
ООУ „Димо Хаџи Димов“ - Скопје,
ООУ „Александар Урдаревски“ - Чучер Сандево,
ООУ „Ѓорче Петров“ - Скопје,
ООУ „Кузман Јосифовски - Питу“ - Скопје,
СУГС ,,Димитар Влахов" - Скопје,
СУГС ,,Лазар Танев" - Скопје,
,,Аутизам ААМК" - Скопје,
,,Центар за церебрална парализа" - Скопје“,
ЦПЛИП ,,Порака" - Скопје,
,,Доза среќа" - Скопје
и колегите од нашето училиште.
Посебна благодарност до нашите поддржувачи и спонзори, кои ја препознаа идејата и ја направија реалност:
,,Hazel" - Скопје,
„Види Вака“
,,Гурманлук со Филипче",
Емилија Бунтевска - новинар,
Фотографија - Мартин Шишковски,
Рашела Галеб - водител на настанот
и сите кои со свој придонес ни овозможија да создадеме вистински фестивал на боите и вкусот!
Благодарност и до сите родители, асистенти и гости кои со своето присуство ја направија атмосферата уште посрдечна.
Ова не беше само фестивал — ова беше порака на љубов, различност и заедништво.
