-
15.10.2025
-
МИО активности, Училишни активности
Во периодот од февруари до октомври, по добиениот грант од Министерството за образование и наука, училиштата партнери ДСУ за рхабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ – Скопје и СУГС „Цветан Димов“ – Скопје, реализираа активности што придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. Планираните активности, изведба на песната „Мајка на Марика думаше“, изработка на креативни творби и спортски активности се реализираа преку воведни, мултикултурни и изведбени работилници. Покрај воспоставената интерперсонална комуникација и соработка со врсници од различни етнички заедници, учениците имаа можност да ја изразат својата креативност и да го развиваат спортскиот дух. Завршниот настан со презентација на активностите се одржа на 15.10.2025г. во СУГС „Цветан Димов“ – Скопје.