Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и на почетокот на оваа учебна година излезе во пресрет на ранливите категории ученици со цел давање поддршка преку обезбедување на комплетен училишен прибор.
Сава осигурување и Сава Пензиско уште еднаш ја покажаа својата човечност, хуманост и општествена одговорност донираајќи училишен прибор за успешен старт на школската година токму на оние на кои им е најпотребна.
Донацијата беше доделена во ООУ “ Кирил и Методиј” и ДСУРЦ “ Св. Наум Охридски” Скопје каде што остваривме средби со наставничките и стручната служба.
Голема благодарност до вработените во Сава осигурување и во Сава Пензиско што измамија многу детски насмевки и стоплија детски срца.
Заедно продолжуваме понатаму!