Училишни активности

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 83 образовни асистенти

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 83 образовни асистенти
 
 
            Врзоснова на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 165/15, 27/16, 120/18, 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23 ), Правилникот за начинот на побарување на образовна асистенција и начинот на селекција и избор на образовен асистент, како и програмата за обука на образовен аистент бр.13- 5853/5 од 10.06.2025 година, Правилник за норматив за образовен асистент, описот на компетенциите и работните задачи бр. 13-5853/6од10.06.2025  година, одобрените согласности за вработување на определено работно време за учебната 2025/26 од Министерството за образование и наука бр. 13-9996/4,од 30.07.2025година, одлуката од Министерството за образование и наука бр.13-10706/4, од 31.07.2025 година и одлуката  на директорот на  ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски “ Скопје со архивски број 02-346 од 05.08..2025 година објавува:
 
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на определено работно време на 83 образовни асистенти за ученици со попречености во средното образование
 
            Се објавува јавен оглас за вработување на образовни асистенти на определено работно време за учебната 2025/2026 година, за работа со ученици со попречености во средните училишта во следните општини: Врапчиште, Гостивар, Дебар, ДемирХисар, Долнени, Илинден, Кичево, Липково, Маврово и Ростуше, Охрид, Град Скопје, Струга, Тетово, Центар Жупа, како и средните училишта ДСУРЦСОО „Киро Бурназ", СОУ „Перо Наков“, ОСТУ„Наце Буѓони“, СОУ Гим. „Сами Фрашери“ од општина Куманово; СОУ „Таки Даскало“ од општина Битола, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, ДУФК „Методија Митевски Брицо“, ДСУ „Спортска академија“, од Скопје,
За следните работни места:
Образовенасистент - 67 (шеесет и седум) извршители на македонски наставен јазик.
  1. Образовен асистент– 15 (петнаесет) извршители на албански наставен јазик.
  2. Образовен асистент во– 1 (еден ) извршител на турски наставен јазик.
 
 
Кандидатот треба да ги исполнува следните:
Општи услови:
  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена состојба за работното место;
  • со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
  • да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителско право
  • да не е лице против кое се води кивична постапка или со правосилна пресуда да не е осудуван за кривично дело,
  • да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружало образовна асистенција.
 
Посебни услови:
За кандидатите (образовен асистент):
Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, социолог, семејнолог, односно лице кое ги исполнува условите за наставник во средно образование, согласно Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта.
Доколку на јавниот оглас за вработување не се јави лице кое е со стекнато звање од ставот 1 на овој член, образовен асистент може да биде и лице кое се стекнало со најмалку 240 кредити според ЕКТС (VIA ниво) или завршено најмалку високо образование со траење од четири години (најмалку VII/1 степен).
Лицата избрани за образовни асистенти посетуваат задолжителна обука за образовни асистенти, согласно Програмата за обука за образовен асистент, утврдена од Министерот на предлог на Бирото за развој на образованието, спроведена од Државното средно училиште со ресурсен центар.
Распоред на работно време
  • Работни денови понеделник-петок
  • Работно време 8 часови дневно
  • Работни часови - 40 часови неделно
  • Основен надоместок на образовниот асистент: 38.618,00 денари.
  • Времетраењето на работниот однос за кој се ангажира образовниот асистент е за учебната 2025/2026 година.
 
 
Потребни документи за пријавување:
  • Барање/Молба
  • CV/Кратка биографија
  • Мотивационо писмо за интересот за работното место образовен асистент,
  • Диплома/уверение за завршено соодветно образование,                                              
  • Уверение за државјанство,
  • Извод од матична книга на родени,
  • Изјава дека не е член на потесното семејство на ученикот на кој му се пружа поддршка
  • Потврда од суд за неосудуваност, (не постара од 6 шес тмесеци)
  • Потврда од суд дека не му е одземено родителско право,
  • Да има општа здравствена состојба за работното место (лекарско уверение не постаро од 12 месеци);
  • Потврда дека  нему е изречена казна забрана на вршење професија, дејност
  • или должност (не постара од 6 шест месеци)
Документите се доставуваат во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат во затворен плик, лично, во архивата на  ДСУ за рехабилитација и образование „ Св.Наум Охридски“ Скопје во периодот од 08.30-14.30 часот или исклучиво по брза пошта на адреса: ул.Васил Ѓоргов бр. 47 б Скопје, со назнака „Јавен оглас за образовен асистент“.
Документите се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.
Изборот на кандидатите го врши Комисија формирана од Директорот на училиштето.  
 Во селекцијата на избор, по извршената административна проверка се спроведува интервју (со физичко присуство или сокористење средства за електронска комуникација во услови кога е спречен од оправдани причини да биде физички присутен);
- по спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за образовни асистенти ќе добијат соодветна обука пред стапување на работа од соодветнo обучени обучувачи.
Со избраните кандидати ќе бидат склучени договори за вработување.
 
НАПОМЕНА:
Некомплетната и ненавремено доставена документација нема да се разгледува
Работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.
 
 
 
 
 
ДСУ за рехабилитација и образование
Св.Наум Охридски“ Скопје
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Пребарај