Училишни активности

ЈАВЕН ОГЛАС За вработување на Хигеничар, Готвач, Стручен соработник-специјален едукатор и рехабилитатор во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ Скопје

    Врз основа на член 22 став (1) алинеја (1) и член  23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ број 167/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23),) и согласноста за определено работно време од Министерство за образование и наука со архивки бр. 13-9543/8 од 01.8.2025 и согласноста за неопределено работно време со архивски бр. 13-9543/10 од 01.08.2025 година  врз основа на Одлуката  со архивски бр.02-345 од 01.08.2025 година на директорот на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“– Скопје распишува :
 
ЈАВЕН ОГЛАС
За вработување во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“
Скопје
 
1.За пополнување на  слободно работно место на помошно-технички кадар на неопределено работно време ,1(еден) извршител - Хигеничар
- за 40 работни часа со работа од понеделник до недела со работа во смени , прва смена од 06:00 до 14:00h.   и Втора смена  од 12:00 до 20:00 h.
- основна нето плата 27.514,00 денари.
2. За пополнување на слободно работно место на помошно-технички кадар на неопределено работно време ,1(еден) извршител - Готвач
- за 40 работни часа со работа од понеделник до недела со работа во смени  прва смена од 07:00 до 15:00h. и Втора смена  од 12:00 до 20:00 h.
- основна нето плата  33.720,00 денари.
3. За пополнување на  слободно работно место 1(еден) извршител стручен соработник-специјален едукатор и рехабилитатор со завршени студии по специјална едукација и рехабилитација со 40 работни часа, работно време од 8:00 до 16:00 во училиште со ученици со посебни образовни потреби од понеделник до петок на определено работно време односно  најдоцна до 31.08.2026. со основна нето плата  44.400,00 денари.
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните:
Општи услови:
  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена состојба за работното место;
  • со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
  • да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителско право
  • да не е лице против кое се води кивична постапка или со правосилна пресуда да не е осудуван за кривично дело,
Посебни услови:
За кандидатите на работно место под реден број 1 (еден) и 2 (два)
Општи работни компетенции
- Работни денови понеделник-петок од 7:00 до 15:00 часот
- Работно време 8 часови дневно
- Работни часови неделно 40
 
 
 
 
Потребни документи за пријавување:
  • Барање/Молба;
  • CV/Кратка биографија;
  • Мотивационо писмо за интересот за работното место;
  • Диплома/уверение за завршено соодветно образование;                                            
  • Уверение за државјанство;
  • Извод од матична книга на родени;
  • Потврда од суд за неосудуваност не постара од 6 (шест) месеци;
  • Потврда од суд дека не му е одземено родителско право.
  • Лекарско уверение не постаро од една година.
  • Потврда дека со правосилна пресуда  не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност не постара од  6 (шест) месеци;
 

За кандидатите на работно место под реден број (3 три) :
Завршено образование за:
 
Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, социолог, семејнолог, односно лице кое ги исполнува условите за наставник во средно образование, согласно Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта.
Доколку на јавниот оглас за вработување не се јави лице кое е со стекнато звање од ставот 1 на овој член, образовен асистент може да биде и лице кое се стекнало со најмалку 240 кредити според ЕКТС (VIA ниво) или завршено најмалку високо образование со траење од четири години (најмалку VII/1 степен).
Лицата избрани за образовни асистенти посетуваат задолжителна обука за образовни асистенти, согласно Програмата за обука за образовен асистент, утврдена од Министерот на предлог на Бирото за развој на образованието, спроведена од Државното средно училиште со ресурсен центар.
Распоред на работно време
  • Работни денови понеделник-петок
  • Работно време 8 часови дневно
  • Работни часови  - 40 часови неделно
  • Основен надоместок: 44.400,00 денари.
 
Документите се доставуваат во рок од 3 (три)  работни дена од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат во затворен плик, лично во архивата на Државното средно училиште со ресурсен центар „Св.Наум Охридски“ Скопје, од 08:00 до 14:30  часот или по препорачана пошта, брза пошта  на адреса: на ул. Васил Ѓоргов бр. 47 б Скопје, со назнака „Јавен оглас за вработување во ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ Скопје
Документите се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.
 
Ненавремена и некомплетна дoкументација нема да се разгледува.
 
 
 
                                                                                                                    
ДСУ за рехабилитација и образование
Св.Наум Охридски“ Скопје

Пребарај