Училишни активности

Фудбалски летен камп во Охрид

Во периодот од 29.05.до 04.06.2025 год. во Охрид се реализираше вториот Фудбалски летен камп од проектот,, Фудбал за сите" на нашето училиште и ФФМ.
Активности:
Спортски ,фудбалски - секојдневни тренинзи и еден Инклузивен фудбалски натпревар со учениците од ООУ,, Христо Узунов" од Охрид.
Едукативни - предавања од страна на професорот Ванчо Поп Петревски за важноста на водата, воздухот и правилно дишење и правилен начин на исхрана. Практичниот дел се реализираше преку примена на вежби за дишење, медитација и обликување на телото и во подготовка на зеленчукови и овошни салати.
Социјален дел - прошетки покрај езеро, посета на локални културно - историски знаменитости и полудневен излет до ,, Свети Наум". Учениците матуранти кои беа присутни на кампот својата матура ја прославија со мала забава.

Галерија

Пребарај