Училишни активности

Посета на Рептил Маркети

Денес со учениците од ДСУ "Св. Наум Охридски" - Скопје реализиравме едукативна и инспиративна посета на Рептил Маркети, Скопје!
Учениците имаа можност одблиску да се запознаат со асортиманот на производи што ги нуди маркетот, да научат како се подготвуваат готвени јадења и да ја посетат пиљарата, месарата и одделот за млечни и сувомесни производи.
Во знак на благодарност, подготвивме чоколадни колачиња кои заедно со учениците им ги понудивме на дел од вработените и случајните купувачи – како мал гест и можност да се вкусат нашите производи.
Особено ни е драго што Рептил Маркети, Скопје изрази интерес за идно вработување на учениците со попреченост по завршувањето на нивното образование.
Оваа прекрасна соработка е само почеток – со нетрпение очекуваме нови заеднички активности!

Галерија

Поврзани вести

Пребарај