Училишни активности

Работилница за заштита од сајбер насилство и вознемирување

🎉 Во нашето училиште во периодот од 07-13.05.2025 успешно се реализираа 4 едукативни работилници за заштита од сајбер насилство и вознемирување! 🛡️💻Работилниците беа наменети за зајакнување на вештините на учениците, со цел да научат безбедно да го користат интернетот и социјалните мрежи преку практични вежби за:
- Целта и функцијата на социјалните мрежи
- Препознавање на сопствени и туѓи емоции во онлајн комуникацијата
- Разлики помеѓу онлајн и офлајн релации и комуникација
- Препознавање и заштита од сајбер насилство и злоупотреба
Овие активности се дел од проектот ПРИШИЛА, кој го спроведува КМОП Скопје, со кој нашето училиште има повеќегодишна успешна соработка во насока на едукација, инклузија и заштита на децата во дигиталната ера

Галерија

Поврзани вести

Пребарај