Огромна благодарност до
Рептил Маркети, Скопје и Aутизам AAMK за донацијата на производи кои ги искористивме во нашето училиште, да направиме магични и здрави чоколадни стапчиња!
Чоколадните производи беа претставени како промотивен материјал од нашето училиште на инклузивниот фестивал "Гуш и Бац е љубов" во Градскиот Парк на „Школка“, организиран од Денис Јанкуловски.
Преку овој настан, со Вашата поддршка покажавме дека и ние, како училиште во кое учат ученици со атипичен развој, можеме да бидеме вредни, креативни и дека заслужуваме поголемо внимание и поддршка од општеството.
Благодариме што верувате во нас!