Училишни активности

Кариерна сесија 2

Денес се презентираше втората кариерна сесија во ДСУ “Св. Наум Охридски”, фасилитирана од Ивана Цилевска. Нашите ученици научија повеќе за тоа зошто е важен нивниот кариерен пат, кои се фазите на планирање на истиот, но и како да ги препознаат сопствените вредности и способности од аспект на кариерата. Оваа сесија е дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македониjа", кој го спроведува Националниот младински совет на Македонија во соработка со Мрежа Стела, а е финансиски поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Галерија

Пребарај